1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција – избори

22 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBh

Одзивот на избирачите на изборите за претседател во Франција е невообичаено голем. До пладне на избори излегле повеќе од 30% од 44-те милиони граѓани кои имаат право на глас. За највисоката функција во државата се борат 12 кандидати. Според анкетите, најголем број гласови би добиле конзервативниот поранешен министер за внатрешни работи, Никола Саркози и социјалистката Сеголен Ројал. Зад нив би следеле политичарот на центарот, Франсоа Бајру и десниот екстремист, Жан-Мари Ле Пен. Доколку ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство гласови, на 6 мај ќе се одржи втор круг избори, во кој ќе влезат двајцата кандидати со најголем број гласови.