1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон или Ле Пен?

ЕМФ /агенции
6 мај 2017

Финалето на француските претседателски избори почна на прекуокеанските територии. Според анкетите, поранешниот министер за економија Емануел Макрон е јасен фаворит во вториот круг.

https://p.dw.com/p/2cWtP
Frankreich Wahlplakate Macron und Le Pen 2. Runde
Фотографија: picture-alliance/Maxppp/L. Vadam

Граѓаните на групата француски острови Сан Пјер и Микелон пред источниот брег на Канада веќе можат да гласаат за новиот претседател на земјата. На избирачкиот список таму се наоѓаат имињата на околу 5000 француски избирачи. И во неколку други прекуокеански региони избирачките места, поради временската разлика, се отвораат веќе денеска.

Според анкетите, поранешниот министер за економија Емануел Макрон е јасен фаворит во вториот круг. Негова противничка е десната популистка Марин Ле Пен. Гласањето во Франција, поради анти-ЕУ курсот на Ле Пен, се третира како многу важно за цела Европа.

Макрон или Ле Пен?