1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Шаренило во локдаун

СН/агенции
11 ноември 2020

Како германскиот град Фулда се обидува да внесе малку боја и оптимизам за време на таканаречен делумен локдаун поради коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3l7jq
BdTD Deutschland Coronavirus - Buntes Fulda
Фотографија: Frank Rumpenhorst/dpa/picture alliance

Веќе десетина дена Германија се наоѓа во таканаречен локдаун воведен заради запирање на растечкиот број на инфекции во земјата. Се уште нема податоци дали затворањето наа рестораните, баровите, музеите, фитнес клубовите и ограничувањето на контактите носи видливи резултати.

Единствено видлива е празнотијата која владее на улиците во германските градови. Градските власти во Фулда со лампиони во разни бои во историскиот дел на градот сакаа да се погрижат за малку оптимизам и шаренило во кризата.

Инаку германскиот институт Роберт Кох денеска пријави 18.487 нови случаи на Ковид-19 во земјата и 261 смртен случај од болеста.