1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цветниот тепих на Брисел

СН/ агенции
17 август 2018

Традицијата започна во 1971 година. Оттогаш наваму историскиот центар на белгискиот главен град 3-4 дена во август буквално „процутува“.

https://p.dw.com/p/33I1f
Belgien Blumenteppich in Brüssel
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Mayo

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа годинешниот тепих од цвеќиња кој од денеска до недела е „распослан“на Големиот плоштад пред Градската куќа во Брисел. На површина од 77 на  24 метри со близу еден милион цвеќиња создаден е  раскош од бои за кој инспирација е мексиканската сојузна држава Гуанахуато со нејзината богата култура. Токму како и Брисел и Гуанахуато има долга традиција на поставување вакви цветни теписи. Бриселскиот пак традиционално се „плете“ со бегонии, кои важат за типично белгиски цвеќиња.