1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Фотографија на денот: Хулахуп за здравје и расположение

ЕМФ
18 мај 2019

Каков ритуал наутро имате? Денот го почнувате со кафе, чаj или можеби спорт? Во Кина стотици луѓе вежбаат со хулахуп!

https://p.dw.com/p/3Ie0l
BdTD China Hula Hoop
Фотографија: Imago Images/ZumaPress/Zhang Wenkui

Наредени строго во линија, фановите на хухалупот во Шенијанг, во северноисточната кинеска провинција Лиаонинг, тренираат групно и се забавуваат.

Стариот добар хулахуп „роден“ во 1958 година, денес сѐ повеќе се користи за спортски активности. Тренингот со тркалото му дава поддршка на кардиоваскуларниот систем, ја зајакнува мускулатурата, поттикнува размена на масти во организмот и ја подобрува кондицијата.