1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Фотографија на денот: Хрватска се збогува од Оливер

ЕМФ
1 август 2018

„Патувај капетане, мирно ти море... Барба Оливер, збогум“

https://p.dw.com/p/32PZe
Kroatien Split Abschied von Oliver Dragojevic
Фотографија: Imago/Pixsell/D. Stanin

Сплит ја испрати музичката легенда Оливер Драгојевиќ на неговото последно патување кон Вела Лука, каде денеска ќе биде погребан. На комеморацијата во Сплит вчера, покрај семејството и пријателите, присуствуваше и целиот хрватски државен врв. Последна почит на човекот кој со децении беше еден од најголемите музичари во Хрватска и на Балканот му оддадоа и голем број колеги, како Џибони, Дорис Драговиќ, Северина, Тони Цетински, Тончи Хуљиќ, Јелена Розга, Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо...

На нашата #ФотографијаНаДенот катамаранот со телото на Драгојевиќ тргнува од пристаништето во Сплит, а да го следат се подготвени многу луѓе со своите бротчиња.