Светски ден на бегалците - трагичен рекорд
20 јуни 2018Реклама
Од вкупно 68,5 милиони бегалци, колку што ги имало лани во светот, што е рекорд по Втората светска војна, речиси половината се помлади од 18 години. Младите бегалци се најранливата категорија, тие се изложени на најголеми опасности и стануваат жртви на трговија со луѓе, насилство и злоупотреби, предупредува Организацијата на ОН за помош на децата, Уницеф. На #ФотографијаНаДенот: дете-бегалец во Танзанија.