1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страшило за возачи

СН/ агенции
15 август 2018

Жителите на Гросеберсдорф со години се жалат на многу прометниот пат кој минува среде нивното село. Додека чекаат на одлука на властите тие се послужија со своевидна мамка...

https://p.dw.com/p/339kt
BdT - Puppe in Uniform
Фотографија: picture-alliance/dpa/J.Büttner

На оваа #ФотографијаНаДенот е доказот за нивната досетливост. Кукла во полициска униформа со макета на радар за брзина стои на работ на многу прометниот пат кој минува низ ова германско село. Ова „страшило“ треба да ги предупреди возачите да не возат пребрзо. Жителите на селото  со години бараат изградба на обиколница за да се намали големиот сообраќај низ местото.