Фотографија на денот: Соларна велосипедска патека
16 ноември 2018Соларната патека е опремена со специјални соларни плочки и секоја година би требало да создава 12 мегавати струја, соопшти Министерството за екологија.
Велосипедската патека може да создава електрична енергија, а назима да го топи мразот, со што ќе овозможува безбедно возење, уверена е министерката за екологија Свенја Шулце.
Идејата и реализацијата е на старт-ап фирмата Солмув од Потсдам. Плочките, како што вели производителот, се состојат од една соларна ќелија, комбинирана со цврсто стакло на површината. Солмув има за цел да гради соларни улици кои би ги снабдувале електромобилите со енергија во текот на возењето. Тестот во Ерфтштат треба да покаже како нечистотијата се одразува врз производството на енергија и како плочките реагираат на оптоварување.