1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиријците со мурал и посакуваат здравје на Меркел

БГ/ ДПА
29 март 2020

Сириски уметник со графит ја изрази радоста што германската канцеларка Ангела Меркел досега не е заразена со коронавирусот. Двата теста на Меркел беа негативни

https://p.dw.com/p/3aAfi
Syrien Binnish Wandgemälde für Merkel in Ruine
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Alkharboutli

„Госпоѓо Меркел, Вашата благосостојба не радува во Идлиб“, напиша сирискиот уметник Азиз ал-Асмар на ѕид во градот Биниш во Идлиб. Меркел е популарна во делови на Сирија поради тоа што дозволи бегалци од земјата растргната од граѓанска војна.
Германската канцеларка од минатата недела е во карантин откако била во контакт со лекар заразен со Ковид-19. Двата теста кои досега и беа направени беа негативни.
„Откако стана јасно дека корона тестот е негативен и таа е здрава, и испративме порака дека ние во Идлиб сме среќни поради тоа“, вели уметникот.