Автомобили и мобилност
„Ролетна“ за криење на регистрацијата
4 септември 2018Реклама
Како да се „надмудри“ сообраќајната полиција? Голема досетливост: возач од градот Биндлах во германската покраина Баварија, на својот автомобил монтирал еден вид електрична „ролетна“, која може да ја покрие регистарската табличка. Изумот го гледате на #ФотографијаНаДенот, позајмена од полициската управа на Горна Франконија. Но, тоа сепак не го спасило возачот од казни- неговата „иновација“ е нелегална, полицијата сега води постапка против него.