Фотографија на денот: Пустински јастреб во лов на гулаби
15 декември 2017Реклама
Пустинскиот јастреб Хилари не лови во природа, туку среде град. Тој е ангажиран во трговскиот центар на Карловиот плоштад, во срцето на Минхен, да лови гулаби, кои се намножени и полека стануваат вистинска напаст за купувачите и минувачите. Надлежните во трговскиот центар „Штахус“ претходно се обиделе да ги гонат гулабите пуштајќи различни снимени крици на грабливи птици преку разглас и со ултразвуци, но безуспешно. Хилари сега лета речиси секојдневно, а така ќе биде сѐ додека не се реши проблемот. На #ФотографијаНаДенот: јастребот Хилари на раката на својот дресер, Гинтер Рау.