Пркосење на априлската зима
7 април 2021Реклама
Тврдокорниот студен фронт над Германија деновиве донесе ладно и многу променливо време, кое предизвика големи проблеми во одвивањето на сообраќајот и во други сегметни од секојдневниот живот. Оваа априлска зима претставува предизвик не само за човекот туку и за природата. Но, оваа љубичица фотографирана во местото Баневиц во германската покраина Саксонија ѝ пркоси на непријатната мешавина од дожд, снег и вијулици од зрнест снег.