1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Претседателски избори

21 април 2019

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска избираат претседател на државата.

https://p.dw.com/p/3HARB
Mazedonien Kommunalwahlen Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/abaca/A. Fazlagikj

Во трка се тројца кандидати: Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Блерим Река, кој ја има поддршката од Беса и Алијанса за Албанците. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани, кои тоа право можат да го остварат до вечерва во 19 часот. Изборите ги следат над три илјади домашни и над 400 странски набљудувачи. Ова се шести по ред претседателски избори. По два мандата имаа првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.