1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Преселба на југ

ЕМФ
5 октомври 2018

На #ФотографијаНаДенот - јато жерави во покраината Бранденбург на пат кон регионот околу реката на Одра, во близина на полскиот град Шчечин. 

https://p.dw.com/p/360vs
BdT Kranich-Zug im Herbst
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Жеравите во Германија годинава почнаа да се собираат особено рано за преселба на југ. Тоа се должи на топлото и долго лето, поради кое се почна порано со жетва, а со тоа се создадоа и услови за жеравите порано од вообичаено добро да се нахранат. Неделава на северот на земјата се очекуваат околу 70.000 жерави. Тие ќе ги наполнат своите енергетски резерви и ќе продолжат кон топлите краишта.