Здравје
Преку планини и долини - за вакцинирање
25 февруари 2021Реклама
Лекарот Акај Каја и медицинската сестра Јилдиз Ајтен стигнуваат во зафрленото село Гунајјамач во источна Турција. Причината е вакцинација на жителите кои имаат 65 години или се постари, со кинеската вакцина Синовак – КоронаВак. Турција во средината на јануари успеа да вакцинира преку еден милион жители за само седум дена, но процесот во меѓувреме е забавен, зашто голем дел од постарите жители живеат во зафрлени села.