Филм
Почнува 75. венецијанска Мостра
29 август 2018Реклама
Во Венеција од денеска (29 август) па до 8 септември се очекува да продефилираат глобални ѕвезди како Рајан Гослинг, Лејди Гага и Ванеса Редгрејв. Во програмата се значаен број ангажирани филмови кои говорат за расизмот или тероризмот, а контроверзи уште пред почетокот предизвика вклучувањето во програмата на продукции на Нетфликс како и фактот дека во натпреварувачкиот дел има само една режисерка. Во конкуренција за главната награда на 75. Филмски фестивал во Венеција-Златниот лав ќе бидат 21 филмско остварување а доделувањето ќе биде одржано на последниот ден од фестивалот.