Религија
Фотографија на денот: Најголем религиозен фестивал на светот
15 јануари 2019Реклама
Кумба Мела е најголемиот верски празник на хиндусите - трае 45 дена, а во Алахабад, во северна Индија, се очекуваат до 100 милиони верници. Верниците тука ритуално ги мијат гревовите во реката Ганг. Празникот на хиндусите се одбележува на сливот на реките Ганг, Јамуна и Сарасвати (течение кое постои само во митологијата). Точните параметри се определуваат од страна на астролози, врз основа на позициите на Сонцето, Месечината и Јупитер.
На #ФотографијаНаДенот хиндуистички Нага Садху (свет човек) пуши пред својот шатор во очекување на почетокот на религозниот фестивал.