Уметност
Почина легендарниот „морнар бакнувач“
19 февруари 2019Реклама
Џорџ Мендонса , американскиот морнар кој беше фотографиран додека бакнува жена на њујоршкиот плоштад Тајмс Сквер на крајот на Втората Светска Војна почина од инфаркт во дом за старци два дена пред неговиот 96 роденден.
На легендарната фотографија тој е сликан како ја бакнува Грета Цимер Фридман, заболекарска помошничка во униформа на медицинска сестра на 14 август 1945 година- денот на капитулацијата на Јапонија.
Фотографијата која ја направи Алфред Ајзенштет стана една од најпрочуените фотографии на 20 век. Дури години подоцна беше потврдено дека Мендонса и Фридман во тој момент биле во врска.