„Посна“ жетва
6 јули 2018Реклама
Вакви убави полиња со пченица како на #ФотографијаНаДенот, во Баден Виртемберг, годинава се реткост во Германија. Во големи делови од земјата владее суша, жетвата почна предвремено, а приносите од житото се намалени, некаде дури и преполовени. Оваа година беше исклучително неповолна за земјоделците, по влажната зима и студениот старт на пролетта, следеа исклучително високи температури, април и мај беа најтопли од почетокот на мерењето на временските температури во Германија.