Катастрофи
Фотографија на денот: Пожар во Ламбрехт
8 февруари 2019Реклама
Пожарот најверојатно избил во кујната во еден од становите во поткровјето, нешто пред полноќ. Загинале маж и жена кои живееле во станот и нивни гости. Полицијата соопшти дека меѓу загинатите нема деца. „Станарите од останатите станови во зградата сами се спасиле“, изјави портпаролка на полицијата. Пожарот во меѓувреме е изгаснат. Во Германија ретко се случуваат пожари со толку катастрофални последици.