Пијано концерт за слонови
10 декември 2018Реклама
Британскиот музичар Пол Бартон свири пијано за слоновите како волонтер речиси десет години. Во прашање се болни, измачувани, и спасени слонови, на кои според искуството на Бартон класичната музика им го олеснува и разубавува секојдневието. Тој на оваа #ФотографијаНаДенот одвржува своевиден пијано-концерт за загрозените слонови во прифатлиштето „Свет на слоновите“ во местото Канчанабури на границата меѓу Тајланд и Мјанмар.