Уметност
Песочна бајка
13 јули 2018Реклама
Огромната тридимензионална книга со бајки на #ФотографијаНаДенот е најубавата песочна скулптура на Фестивалот за песочна уметност, кој се одржува во „Расцветан барок“, градината на величествениот дворец во Лудвигсбург, во германската покраина Баден Виртемберг. Таа е дело на австралискиот уметник Кевин Крафорд, а ги воодушеви подеднакво и публиката и жирито. Изложбата на која учествуваат странски виртуози во правење песочни фигури трае до 30. август.