1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Октомвриска револуција во ноември

ЕМФ
7 ноември 2017

Денеска се одбележува стогодишнина од Октомвриската револуција во Русија. Октомвриска револуција во ноември?

https://p.dw.com/p/2n9p1
Russland Plakat Oktoberrevolution Lenin
Фотографија: picture alliance/CPA Media Co. Ltd

Болшевиците ја презеле власта во Петроград, денешен Санкт Петербург, на 25 октомври 1917 година, но во Русија тогаш важел Јулијанскиот календар. Во западна Европа значи веќе бил 7 ноември. Русија го презеде Грегоријанскиот календар во 1918 година, кога по 31 јануари директно следуваше 14 февруари.