1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Октоберфест на свои плеќи

СН/ агенции
22 септември 2018

Денеска со отворањето на првото буренце со фестивалско пиво во Минхен ќе започне 185. Октоберфест. Зад големата забава меѓутоа стои и голем труд.

https://p.dw.com/p/35Iqt
BdT Kellner auf dem Oktoberfest
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Додека милиони посетители кои сѐ до 7 октомври ќе се сјатат во Минхен во големите шатори на Терезината ливада ги очекува луда забава, стотици келнерки и келнери ги очекува повеќе од напорна работа. Впрочем најдобро тоа го покажува и оваа #ФотографијаНаДенот, на која се гледа всушност колку големи се таблетите натаварени со печени кокошки и салата од компир, со кои се послужуваат гостите на Октоберфест. Згора на тоа традиционалните кригли собираат еден литар пиво.  Веќе подолго време синдикатите бараат подобра заштита за вработените на Октоберфест, кои имаат и растегнати работни времиња.