1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголем паркинг за велосипеди во светот

СН/агенции
21 август 2019

Холандија сака да стане „рај за велосипедистите- и веќе има паркинг кој ја води чекор поблиску до целта.

https://p.dw.com/p/3OExg
BdTD Niederlande Parkhaus für Fahrräder
Фотографија: Imago Images/Xinhua/S. Lederer

Најголемиот паркинг во светот се наоѓа имено во холандскиот град Утрехт на главната железничка станица. Тој нуди 12.500 места за паркирање на три нивоа, има компјутерски наведуван систем за паркирање, работи нон-стоп и паркираните велосипеди се под постојан надзор. 24 часа паркирање во овој „рајски велосипедски паркинг“ е бесплатно, а потоа се плаќаат 1,25 евра на ден.