Моќта на Фридерике
19 јануари 2018Реклама
Фридерике, како што метеоролозите ја нарекоа моќната бура, предизвика пустош во големи делови на земјата. Брзината на ветрот на некои повисоки места достигна и преку 200 километри на час. На пониските места брзината на ветриштата достигнуваше преку 130 километри на часа. Оваа #ФотографијаНаДенот е снимена во центарот на метрополата Келн и го доловува моментот токму на еден таков налет на силен ветер, во кој две девојки грчевито се држат за раце за да си помогнат да не бидат истуркани од ветрот.