1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Мост преку замрзнато езеро

СН/ агенции
27 декември 2017

Зимата покажува две лица во Германија деновиве. Едно на северот- тмурно и дождливо, но релативно топло и друго на југот на земјата- какво што, впрочем ѝ доликува, студено и бело.

https://p.dw.com/p/2pydf
BdT mit Deutschlandbezug | Frau auf Brücke am Eibsee 21.12.2017
Фотографија: Getty Images/AFP/C. Stache

Тоа, второто, вистинско лице на зимата, дефинитивно нуди многу поубави глетки. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена токму во јужниот приалпски дел на Германија, во моментот кога жена го преминува мостот преку замрзнатото езеро Елбзе, во близина на познатото зимско одморалиште Гармиш-Партенкирхен.