Македонија- лидер во растот на ноќевања
24 јануари 2019Реклама
Според податоците на статистичката агенција на Европската унија , кои се однесуваат на земјите од ЕУ, од европскиот економски простор и државите кандидати за членство, во Македонија во 2018 година биле забележани вкупно 2,2 милиони ноќевања. Од нив бројот на ноќевања на странски гости изнесувал 1,5 милиони а на македонските граѓани околу 700 илјади.
Во апсолутни бројки тоа е капка во море во споредба со оние 467 милиони ноќевања забележани во Шпанија, која е на првото место во статистиката на Евростат според вкупниот број на ноќевања. Но според забележениот раст во однос на 2017 година, Македонија е убедливо на првото место. Кај ноќевањата на странци тој дури изнесува 22 насто а кај домашните 13 проценти.