1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Концерт во базен

21 јули 2018

Еден од концертите во рамките на 33-то Културно лето во Бад Кисинген е организиран во - базен. Публиката имала прилика за двојно уживање на летните горештини.

https://p.dw.com/p/31p2d
BdT, Klassik im Badeanzug - Konzert in der Therme
Фотографија: picture-alliance/dpa/M.Merz

Лето, горештини - како посетителите што попријатно да следат концерт? Организаторите на 33-то Културно лето во Бад Кисинген, во покраината Баварија, имале оригинална идеја. На #ФотографијаНаДенот: концертот на групата „Music For A While" публиката уживајќи го следи од водата во затворениот базен во Термалната бања „КисСалис“.