Култура
Келн во светлината на огнометот
23 јули 2018Реклама
Традиционалната манифестација „Келнер лихтер“, спектакуларниот огномет во Келн, метрополата на Рајна, во саботата вечерта собра стотици илјади посетители. По реката Рајна се движеа 50 осветлени бродови, а главниот огномет, кој траеше 27 минути, стигна од два брода - од нив беа испалени околу 4,7 тони светлечки петарди. Публиката на бреговите се забавуваше и со музички концерти. #ФотографијаНаДенот