Култура
Фотографија на денот: Карневалски спектакл во Рио
13 февруари 2018Реклама
Најголемата забава на светот. Така домаќините гордо го нарекуваат својот прочуен карневал. Во Рио де Женеиро за карневалот годинава се очекуваат 6 милиони посетители, меѓу нив 1,5 милиони туристи. Зенитот на карневалските прослави е парадата на елитните самба училишта, која во изминатите два дена се одвиваше пред 72 илјади гледачи на прочуениот карневалски стадион- Самбадром.