Каква врска има климата со јајцата?
5 ноември 2019Реклама
Во горниот ред се јајца на ној, ему и црвеноврат казуар. Во долниот ред се јајца на рајска птица, на два вида тинаму птици, а во гнездото е јајце на колибри. Но, зошто јајцата имаат различна боја? Научниците сметаат дека птиците кои живеат во поладните региони имаат потемни јајца, за да впиваат повеќе сончева светлина и да бидат потопли. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во природниот парк за птици Валсроде во германската покраина Долна Саксонија.