И Оскарот ќе доцни поради коронавирусот
16 јуни 2020Поради пандемијата на коронавирус, доделувањето на најпрестижните филмска награди во светот во наредната година ќе биде одложено, соопшти Американската филмска академија. Наместо на планираниот датум 28-ми февруари, сега е предвидено 93-та гала-вечер на доделување на Оскарите да се одржи на 25 април. Номинациите за најважната филмска награда во Холивуд треба да бидат објавени на 15 март.
Филмовите треба да бидат завршени
Со одложувањето на Оскарот, на режисерите треба да им се даде можност да го завршат снимањето своите филмови и да ги прикажат во кината, се вели во соопштението на Академијата. „Шоуто следната година е „историски момент“ за обединување на љубителите на филмот низ целиот свет преку филмската уметност. Со тоа не треба да се брза“, нагласуваат во Академијата.
Поради вирусот, повеќето филмски продукции се запрени уште од март а кината низ целиот свет се затворени. Академијата неодамна објави дека за претстојните Оскри ќе бидат номинирани и филмови кои никогаш не биле прикажани во кино-салите, туку можат да се видат само преку стриминг- порталите. Вообичаено, филм мора да биде прикажан во кино во Лос Анџелес најмалку седум последователни дена за да има право на номинации за филмска награда.