Фотографија на денот: Запленети јагули
5 декември 2018Реклама
Имено, жената се обидела да ги прошверцува јагулите во својот куфер, во пластични кеси полни со вода, сместени во кутии од стиропор. Од каде потекнуваат јагулите засега не е јасно. Се претпоставува дека се уловени во југозападна Европа. Јагулите во Азија се продаваат по многу високи цени, поради тоа што важат за деликатес и се смета дека помагаат за зголемување на потенција. Во Германија еден килограм јагули чини околу 400 евра, додека во Азија може да се добијат помеѓу 3.000 и 5.000 евра за килограм. За да се извезуваат јагули е неопходна дозвола. Сепак, Малезијката нема да биде казнета, поради тоа што во моментот кога јагулите се пронајдени во нејзиниот куфер, таа веќе била на пат од Франкфурт за Виетнам.