Забрана за употреба на пластични кеси во Германија?
12 август 2019Класичните пластични кеси на касите во многу супермаркети веќе се наплаќаат, што е резултат на доброволната обврска која Министерството за екологија ја има веќе договорено со трговците. Според нејзиното министерство, употребата на пластични кеси во земјата од 2015 година е намаленa за 64%. Министерката Шулце планира наесен да договори со трговијата натамошни ограничувања, посебно намалување на пластичните пакувања за овошје и зеленчук. Но, многумина експерти предупредуваат дека забраната не е секогаш плодоносна, зашто алтернативите, како хартиените кеси не се исто добри за екологијата, а пластичните кеси се ионака само мал дел од пластичниот отпад, на пример во Германија нивниот удел во вкупната маса на пластична амбалажа и пакувања изнесува еден процент.
Производството и увоз на пластични кеси инаку се забранети во 61 земја.