Култура
Денот на вљубените во дигиталната ера
14 февруари 2020Реклама
Цвеќиња, картички и чоколадни бомбони, овие три работи важат за вообичаени подароци за Празникот на вљубените , но на овој 14 февруари се полага и на креативноста така што нема граници за тоа како ќе се изрази љубовта. А ерата на социјалните мрежи нуди нови креативни начини да се изрази љубовта. На вљубените , се чини, на располагање им стои бесконечен избор на симболи „имоџи“ за искажување на најубавото човеково чувство.