1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Денови на жалост

ЕМФ
14 февруари 2019

Тага по сообраќајната несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци. Владата ги прогласи денешниот и утрешниот ден за Денови на жалост.

https://p.dw.com/p/3DLul
Nord-Mazedonien Busunglück bei Skopje
Фотографија: Reuters/F. Naskovic

Премиерот Зоран Заев доцна вчеравечер соопшти дека животите ги загубиле 14 луѓе, од кои седум на местото на несреќата.

Причините за несреќата сѐ уште не се утврдени, а истрагата е во тек. „Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината“, изјави премиерот, соопштувајќи детали за несреќата и додавајќи дека интервенциите на сите институции, вклучително и полицијата и болниците, биле брзи и дека на располагање биле ставени сите ресурси.