1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Во првите борбени редови против стихијата

Арбнора Мемети | СН/агенции
11 август 2021

Македонските војници, полицајци, пожарникари, доброволци веќе со денови се на првата линија на фронтот во борбата против пожарите во земјата.

https://p.dw.com/p/3ypZY
Waldbrände in Nordmazedonien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

По уште една непроспиена ноќ, многу од нив и денеска ги очекува исцрпувачки ден со битки против пламените јазици како на оваа #ФотографијаНаДенот со оглед на тоа што неколку пожари и натаму се активни во земјата. 

Критично е во кумановскиот и во прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. 

На терен освен македонските војници, полицајци, пожарникари и доброволци интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и од Романија, а за денеска најавена е и помошта од Црна Гора и од Франција.

Сведоштва од Будинарци

Повеќе:

-Австриски пожарникар повреден во пожарите во Беровско

-Менковски: Порано го спасувавме Солун, сега со странска помош ги гасиме пожарите

-Фотографија на денот: Со лопата во борба за спас на Малешевијата

Во гаснењето на пожарите досега се имаат вклучено околу 1.500 припадници на Армијата и над 580 полицајци. Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека во борбата против огнената стихија ангажирани беа и сѐ уште се, сите капацитети на Армијата, човечкиот потенцијал и воздухоплови за кои во ниту еден момент практично немало простор за одмор. „Ангажирани се пешадиски единици од Командата за операции, Првата бригада, специјалните сили и целосно беа ангажирани припадниците и воздухопловите на воздухопловниот ВИНГ“, потенцира Шекеринска.

Од МВР, пак, соопштија дека деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.