Вирусот и Ѕидот
11 февруари 2020Според последните официјални информации бројот на лица кои починале од вирусот је премина бројката од 1000. Инфицирани се близу 43000. Во борбата против вирусот, Кина и натаму ги заострува мерките за спречување на ширење на заразата. Во фокусот на напорите е градот Вухан од каде потекнува новиот вирус и каде од вчера на жителите со симптоми на треска дозволено им е да бараат медицински третман единствено во болниците и амбулантите во населбите во кои живеат.
Повеќе:
-Корона-вирусот е опасен за кинескиот државен апарат
-Смртта на докторот-свиркач ја крена на нозе кинеската јавност
-„Едно јадење, но молам без корона-вирус“: Дискриминација на Азијците во Германија?
И во останатите кинески градови во моментов ретко кој шета по улиците, а и кога шета, заштитната маска за лице е речиси обврзувачка. Жената на оваа #ФотографијаНаДенот во една станица на подземната железничка во Пекинг проаѓа покрај постер на Кинескиот ѕид, кој е затворен за посетители од избувнувањето на корона-вирусот.