1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Божикно чудо во Валс

СН/ агенции
26 декември 2017

По одрон на земјиште во Австрија околу 130 жители на едно село во една долина во Валс, се отсечени од надворешниот свет со часови. Во огромниот одрон не е повреден никој.

https://p.dw.com/p/2pwSO
Österreich Felssturz in Vals
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zeitungsfoto.at

„Ова, иако можеби звучи кичесто, е божикно чудо“, изјави првиот човек на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер по кризната седница во општината Валс, каде во неделата (24.12.) се случи одронот.  И покрај сите обиди да се извлечат од долината, 130-те жители на селото веројатно ќе останат отсечени уште најмалку два дена. На оваа  #ФотографијаНаДенот можат да се видат димензиите на одронот кој достигнува висина до 50 метри и кој го затрупа пристапниот пат кон долината во широчина од 150 метри.