Уметност
Бенкси во англиското корона-жариште
19 октомври 2020Реклама
На новиот мурал на прочуениот Бенкси во Нотингем е прикажано девојче кое си игра со гума за велосипед како со хулахоп. Пред ѕидната слика пак заврзан за столб стои демолиран велосипед со само една гума. Жителите на градот го толкуваат ова како охрабрување во време на криза. Нотингем имено бележи највисоки стапки на нови инфекции од коронавирусот во цела Англија.