1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фич се закани со намалување на бонитетот на Велика Британија

15 март 2012

Агенцијата Фич и се закани на Велика Британија со намалување на бонитетот. Владата на Камерон неодамна најави дека и треба подолго време за консолидација на буџетот.

https://p.dw.com/p/14Kox
Фотографија: AP

Американската рејтинг агенција Фич и се закани на Велика Британија дека ќе го намали нејзиниот бонитет, тројно А. Рејтинг агенцијата притоа ја намали оценката за изгледите за развојот за Велика Британија од „стабилна“ на „негативна“, поради тоа што агенцијата се сомнева во способноста на земјата да се справува со економски шокови. Фич во Лондон соопшти и дека конјунктурното опоравување на Велика Британија би можело да биде послабо од очекуваното и поради натамошните проблеми во евро-зоната. Негативен изглед значи, дека веројатноста за намалување на кредитната способност во наредните две годни е речиси 50 отсто. Во моментов меѓутоа е потврдено тројното А за Велика Британија.

Минатиот месец, рејтинг агенцијата Мудис исто така ги намали изгледите за Велика Британија на „негативни“.

Поради заслабувањето на британската внатрешна конјунктура и намалената побарувачка од евро-зоната конзервативната влада во Лондон неодамна соопшти дека ќе и биде потребно подолго време за консолидација на буџетот од првично планираното. При преземање на власта пред две години, владата на Камерон наследи рекордно висок дефицит од 11 проценти.

Автор: АТ/ БГ/ дв/ дпа

Редактор: Симе Недевски