ФИФА ќе го обесштети Реал поради повредата на Кедира
17 ноември 2013Играчот на Реал, го скина вкрстениот лигамент на коленото, во еден дуел со Андреа Пирло. Вчера (16.11) е извршен оперативен зафат на десното колено на Кедира во позната клиника во Аугсбург и за него оваа сезона е завршена. Тој ќе биде надвор од фудбалските терени најмалку шест месеци, а во прашање е доведен и неговиот настап на Светското првенство.
ФИФА ќе го обесштетува Реал Мадрид, бидејќи играчот се повреди во репрезентативен термин, поточно во терминот на ФИФА предвиден за одигрување на пријателски натпревари. Сами Кедира, според договорот, во Реал заработува 6 милиони евра годишно.
И покрај неговото отсуство од германскиот тим, менаџерот на англиската репрезентација, Рој Хадсон, оцени дека неговата екипа ќе има тешка задача кога во вторник (19.11.2013) ќе се сретне на стадионот Вембли со германската национална селекција. Сепак, тој се надева на прва победа на домашен терен против старите ривали, која се нема случено од 1975 година.