1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филипини – избори

14 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4W

Граѓаните на Филипини денеска избираа нов парламент. Изборите, на кои им претходеше крвава изборна кампања, со повеќе од сто загинати, ги набљудуваат монитори од цел свет. Резултатите се очекуваат за неколку дена. Досега во парламентот апсолутно мнозинство имаше политичкиот блок на претседателката Глорија Макапагал Аројо. На изборите се гледа како на референдум за работата на Аројо, која е спорна во оваа азиска земја.