1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Преговорите со ЕУ единствена шанса за Србија

БГ/миа16 октомври 2013

Еврокомесарот Филе порачува дека отворањето преговори со ЕУ, претставува историска можност за Србија и за нејзините граѓани.

https://p.dw.com/p/1A0Vc
Фотографија: DW/ A.Gazazyan

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе оцени дека преговорите за членство во ЕУ се единствена шанса за Србија, и Европа сега ја гледа таа држава во нова светлина - како динамична држава, одлучна за спроведување реформи и изградба на своја иднина базирана на вредности на Унијата.

„Србија сврти нова страница: историски договор на Белград со Приштина од април оваа година, важни гестови кон соседите со цел помирување... и над сѐ отворање преговори за членство, наведува Филе во авторски текст во весникот „Данас“.

„Достигнувањата на Србија се моќен извор за инспирација за другите држави во регионот. Почетокот на пристапните разговори е особен пресврт во односите на Србија со ЕУ. И повеќе од тоа: тоа претставува можност без преседан за земјата и нејзините граѓани, наведува европскиот комесар.

Тој додава дека на површината процесот на преговори со ЕУ може да изгледа технички, со илјадници страници правила, акти и закони кои се анализираат и усогласуваат.

„Во стварноста тој процес нуди единствена шанса за спроведување реформи и воведување највисоки стандарди во многу области, истакнува Филе. Според него, тој процес ќе бара многу ресурси извесно време, но напорите ќе бидат исплатливи.