Фајад доби нов мандат
14 јули 2007Реклама
Премиерот на вонредната палестинска влада Салам Фајад поднесе оставка по што веднаш од претседателот Махмуд Абас доби нов мандат за формирање преодна влада, соопштија властите во Рамала. Овој чекор бил неопходен бидејќи утре истекува мандатот на вонредната влада. Претседателот Абас ја постави оваа влада откако радикалниот Хамас, по повеќе месечни борби насилно ја презема контролата во појасот на Газа. – Исламиситите и преодната влада ја прогласија за противуставна.