1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФАРК ослободи затвореници

СН/ЕМФ/дпа/дапд3 април 2012

Бунтовниците од „Револуционерните вооружени сили на Колумбија“, накусо ФАРК, по долгогодишно заложништво ослободија десетмина колумбиски војници и полицајци.

https://p.dw.com/p/14Wpr

Десеттемина припадници на колумбиските сили за безбедност со хеликоптер на бразилското воено воздухопловство биле префрлени од џунглата, каде биле држени како заложници, до градот Вила Виченцио, соопшто Црвениот крст. Екстремно левичарската герилска група ФАРК држела двајца од затворениците во заложништво дури 14 години. Според нејзини наводи, шестемина полицајци и четворицата војници се последните нејзини затвореници. Со нивното ослободување бунтовниците исполнија еден услов на колумбиската влада за започнување мировни преговори.

Бутновниците од ФАРК со децении се борат за создавање на комунистичка држава во Колумбија. Раководството на бунтовничката организација во февруари соопшти дека ќе запре со киднапирањата и барањата за откуп на затворениците со кои ФАРК ги финансираше своите операции. Според претпоставките на познавачите на состојбите во Колумбија, ФАРК во заложништво се’ уште држи уште најмалку 700 цивили.