Фаворитот Црна Гора пресилен
5 април 2012Третиот пораз на квалификациите за Олимпијадата во Лондон македонските ватерполисти го претрпеа ноќеска од Црна Гора со 14:6. Резултатот по четвртини на овој натпревар од 4. коло на турнирот во Едмонтон изнесуваше 3:0; 4:1; 4:2 и 3:3.
Головите за Македонија ги постигнаа: Димитар Димовски 2, Марко Мартиниќ 1, Петар Ивошевиќ 1, Мирослав Ранџиќ 1 и Воислав Чупиќ 1.
Македонија вечерва (05.04) 20 минути пред полноќ го игра натпреварот од 5. коло против Германија во обид со евентуална победа да се пласира во четвртфиналето.
На другите натпревари од А групата вчера беа постигнати резултатите: Холандија – Романија 5:7 и Грција – Германија 11:9.
Во Б групата беа постигнати овие резултати: Турција – Шпанија 2:21 и Канада – Аргентина 13:5. Слободен беше Бразил.
Табела А група: Црна Гора 8 бодови, Романија 6, Германија 4, Грција 4, Македонија 2, Холандија 0.
Табела Б група: Шпанија 6, Канада 6, Бразил 2, Турција 1 и Аргентина 1.