1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фаворитите сигурно

3 октомври 2005

Првите осум кола од фудбалската Бундеслига во Германија ветуваат докрај занимлива и неизвесна сезона . Победи на фаворитите и потврда за шампионските амбиции на екипите на Баерн, Хамбург , Вердер и Шалке .

https://p.dw.com/p/AekK

„Тоа можеш да го видиш од 60 метри . Мислам дека секој на стадионот го виде освен судијата“

Гнавиот на тренерот на Херта, Хајко Гец но и на целиот стадион во Берлин , по единственото дерби на врвот во осмото коло на Бундеслигата , беше на сочено кон делитолот на правдата во мечот со вердер од Бремен , Луц Вагнер .

Имено според мислењето на играчите и навивачите на херта тој не досуди чист пенал врз турскиот играч Јилдирај Баштурк со кој најверојатно ќе се избегнеше неблагодарниот пораз во последните пет минути од натпреварот:

„Сигурно дека е тешко за судијата , Јилдирај едноставно беше многу брз во казнениот простор . Но и јас видов дека станува збор за јасен пенал“ – се лутеше и голманот на Херта, Кристијан Фиделр.

Инаку екипата од Берлин добор започна а со голот на унгарецот Пал дардаи , негов прв во сезонава , водеше долго во натпреварот.

Но потоа еден извонреден волеј на Тим Боровски во 85 и прецизноста на Нелсон Вачлдез во 89 минута , победата која беше на дофат на рацете ја претворија во пораз .Вердер на тој начин се искачи на третото место на табелата е Херта загуби една позиција и во моментов се наоѓа на 5 место.

Менаџерите во тимот на Хамбургер можат да бидат повеќе задоволни од својата најголема инвестиција во оваа сезона.Рафаел ван дер Фарт еден од најдобрите холандски напаѓачи и медиумска суперзвезда во својата земја , налик на Дејвид Бекам , од натпревар во натпревар се повеќе ја докажува својата класа . Вчера тој постигна два гола во убедливата победа нагости против Кајзерслаутерн. Тој беше во главната улога при постигнувањето на третиот гол , откако перфектно му додаде на босанецот Сергеј Барбарез кој ја реализираше изгледната шанса.

Хамбургер заостанува само еден бод на табелата пред првопласираниот Баерн .

Првакот од Минхен во саботниот натпревар дома против Волфсбург настапи без голманот Оливер Кан , и креаторот на играта Михаел Балаак но и уште седум други првотимци . Сепак и вториот тим на Баерн беше премногу добар за противничката екипа од Волфсбург.

Стрелци на двата победоносни голови беа Роке Санта Круз и Лусио.

Шалке продолжува со стабилната игра во Бундеслигата и заедно со Хамбург останува единствената непоразена екипа во досегашниот тек од првенството . фудбалерите на Шалке кои одигра меч за паметење во лигата на Шампионите во средата против Милан , не го имаа истиот жар во мечот во против Ајнтрахт. Сепак и тоа беше доволно со голот на младиот Данец , Сорен Ларсен да однесат три бода од Франкфурт.

Два дена по испаѓањето во првиот круг од купот на УЕФА , Баер леверкузен доживеа уште едно понужување и тоа на домашен терен во мечот со долнорангираната Арминија Билефелд.

Баер се спаси од најлошото значи од уште еден пораз со голот на украинецот Андреј Воронин само шест минути пред крајот на натпреварот .

Арминија инаку дојде во водство со голот на Исак Боајаке во 58 минута.

Последниве три кола значеа препород за екипата на Борусија од Менхенгладбах . Третата последователна победа во лигата , овојпат против Мајнц на домашен терен и обезбеди искачување на шестото место на табелата .

Одбрамбениот играч Зе Антонио , во 32 минута го реши мечот против Мајнц кој се наоѓа длабоко на дното од табелата со само четири освоени бодови од 8 мечеви.

Дуизбург го освои првиот поен нагости сезонава а противникот од ова коло Хановер го одигра четвртиот меч без победа .

Двете екипи играа 1: 1 во хановер , каде што домашната публика во текот на целиот натпревар не ги штедеше своите миленици но и тренерот Евалд Линен од погрдни извикувања .

Михаел Делура беше стрелец за Хановер додека пак Абделазиз Аханфуф му го донесе бодот на Дуизбург.

Штефан Кизлинг пак даде два гола со кои му ја обезбеди на својот Нинберг првата победа во сезонава и мало искачување од дното на табелата , со што барем за некое време ќе се намали притисокот врз тренерот Волфганг Волф , да поднесе оставка од функцијата.

Нирнберг славеш против келн кому ова му беше трет пораз по ред иако на екипата и тргна одлично сезонава , со три победи во пет мечеви.